Фото: Фејсбук / Изет Меџити

Известувачот на ЕП Вајц се сретна и со претставници на Вреди

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Томас Вајц, вечерва во рамките на посетата на земјава се сретна со претставници на владејачката коалиција на партии од политичкиот блок на Албанците во земјава, Вреди.

Според информациите, на средбата учествувале координаторот на пратеничката група на „Вреди“, Беким Ќоку, вицепремиерот Беким Сали и градоначалникот на Чаир, Изет Меџити.

Според соопштението, на средбата била изразена благодарност за континуираната поддршка на Европската унија и Европскиот парламент за евроинтегративниот процес на државата, како и за поддршката на реформската агенда насочена кон зајакнување на владеењето на правото, демократијата и институционалната стабилност.

– Денес остваривме средба со известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц. На средбата разменивме мислења за актуелните политички и реформски процеси, европската агенда на државата, како и за предизвиците и можностите во процесот на евроинтеграција. Посебен акцент беше ставен на владеењето на правото, институционалната стабилност и потребата од продолжување на реформите во насока на европските стандарди. – напиша Мицкоски на фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот