Израмнет рекордот на Штефи Граф: Ѓоковиќ следната недела ќе биде најдобар на сите времиња

фото: EPA-EFE/MATT TURNER

Новак Ѓоковиќ ја започна 377 недела на врвот на АТП листата, израмнувајќи го рекордот на поранешната германска тенисерка Штефи Граф.

Веќе следниот понеделник српскиот тенисер ќе испише историја на тенисот кога ќе падне апсолутниот рекорд во двете конкуренции по бројот на поминати недели на првото место.

Граф со точно 377 недели беше на врвот на женската ВТА ранг листа. Ѓоковиќ за првпат беше првопласиран на АТП листата на 4 јули 2011 година, а еве, неполни 12 години, сè уште е на врвот.

Германката првпат се најде на тронот на најдобрите светски тенисерки на 17 август 1987 година и на таа позиција остана до 10 март 1991 година, а потоа на првата позиција беше Моника Селеш.

По турбулентната 2022 година, кога Ѓоковиќ поради тоа што не беше вакциниран против ковид-19 беше депортиран од Австралија, а потоа и не го доби правото да игра на турнири во САД, се врати на врвот на АТП листата со нова 10 јубилејна титула на „Австралија опен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот