Израел ќе гради населба што ќе го подели Западниот Брег – бран меѓународни осуди
М.Т.
Пред
Израелскиот министер за финансии Безалел Смотрич најави почеток на изградба на контроверзно населено место Е1, кое би го поделило Западниот Брег и би го отсекол од Источен Ерусалим. Според неговиот кабинет, проектот ќе ја „погреба“ идејата за палестинска држава, што предизвика серија остри реакции.
Стоејќи на местото на идната населба во Мале Адумим, седум километри од Ерусалим, Смотрич изјави дека премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп дале согласност за продолжување на проектот, иако сè уште нема официјална потврда.
Палестинската влада и повеќе активистички организации го осудија планот како нелегален и опасен за мировниот процес. Од Обединетите нации предупредија дека новото населување може да доведе до присилни иселувања на Палестинците и го опишаа потегот како „воен злостор“.
Низа држави – меѓу нив Германија, Велика Британија, Турција и Европската Унија – побараа Израел веднаш да ја стопира изградбата. Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами оцени дека станува збор за флагрантно кршење на меѓународното право.
Американскиот Стејт департмент порача дека стабилноста на Западниот Брег е клучна за безбедноста на Израел и дека фокусот на Вашингтон е завршување на војната во Газа.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Граѓани кои живеат во зградите во близина на детската улица „Тоше Проески“ во Ново Лисиче се жалат на прегласната музика, која секојдневно свири до доцните вечерни часови. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Препорачано 1 Гастрономско уживање од вештите раце на Бобе Јанкоска: Мусака со модри патлиџани – сочен и кремаст домашен рецепт 2 …
Во вечерашната епизода на „Мамамвизија“ гостинка е нашата фолк-пејачка Зуица Лазова. Ќе ја видите секогаш ведра, полна со емоции на сцената. Таа е еден од најдобрите вокали на нашата сцена, дама со харизма, но каква мајка е? Сопруга му е на врвниот пејач Наум Петрески со кого важат за еден од најинспиративните парови на естрадата. …