Изолацијата го возвраќа ударот: Брус Вилис ја истрижа ќерката ќелава, сите се прашуваат – Зошто? (ФОТО+ВИДЕО)

инстаграм

Познатиот актер малку експериментираше со фризурата на ќерка си…

Семејството Вилис ги поминува деновите заедно во изолација, и покрај тоа што Деми Мур и Брус Вилис се разведени повеќе од една деценија. Тие одлучија карантинот да го поминат заедно со своите три ќерки и изгледа дека воопшто не им е здодевно.

Ќерката на Брус Вилис – Талула (26) објави видео од изолацијата на својот Инстаграм профил, на кое се гледа како нејзиниот татко со машинка за стрижење и ја истрижа косата.

View this post on Instagram

?

A post shared by tallulah (@buuski) on

Во стрижењето помага и нејзината постара сестра Румер (31).

Драматичната промена на фризурата на својата сестра, Румер Вилис ја објави со слики, на кои Талула стои пред шумата, со коментар „ја истрижавме оваа нагетс глава денес“.

Зошто одлучила волку радикално да го промени својот имиџ не знаеме, но можеме да претпоставиме дека изолацијата и досадата полека, но сигурно го наплаќаат својот данок.

View this post on Instagram

Shaved this nugget’s head today ??‍? ? by me

A post shared by Rumer Willis (@rumerwillis) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот