Изненадувачки симптоми кои откриваат дека нешто не е во ред со тироидната жлезда

Profimedia
Фото: Илустрација / Профимедиа

Премногу активната тироидна жлезда предизвикува прекумерно потење, губење на килограмите, а може и да ги забрза отчукувањата на срцето. Неактивната тироидна жлезда го прави спротивното – може да ви биде ладно, може да се здебелите… Но, постојат и помалку познати симптоми кои можат да откријат дека нешто не е во ред со вашата штитна жлезда.

„Магла“ во мозокот

Тироидната жлезда испраќа одредени хормони до мозокот за да му помогне да ја врши својата работа, а кога тој процес ќе се забави поради помалку активната тироидна жлезда, може да се појави една нуспојава, а тоа е чувството на „маглина“ во мозокот. Може да забележите дека потешко ќе се фокусирате, потешко ќе памтите и дека не можете јасно да размислувате.

Промени во расположението

Дали често се чувствувате лошо и тажно? Многу причини стојат зад ова, но на листата се и проблемите со тироидната жлезда. Депресијата е често еден од првите симптоми дека нешто не е во ред со тироидната жлезда. Депресијата почесто се појавува кога тироидната жлезда е прекумерна активна.

Проблеми во бременоста

Истражувањата покажуваат дека нелекуваните проблеми со тироидната жлезда може да доведат до проблеми во бременоста, како што е состојба наречена прееклампсија, а која опишува висок крвен притисок (хипертензија) која се јавува првпат во бременоста во комбинација со присуството на протеини во урината.

Проблеми во менструацијата

Проблемите од овој тип може да бидат симптом на проблеми со тироидната жлезда. Менструацијата која е многу слаба или обилна и нередовна може да биде еден од симптомите. Ако воопшто немате менструација, и ова може да биде симптом. Девојките кои имаат проблеми со тироидната жлезда често ја добиваат првата менструација многу рано или многу доцна.

Матен вид

Понекогаш некоја состојба на тироидната жлезда може да предизвика таложење на вишок течност во ткивата во близина на очите, а кога тоа ќе се случи, болеста на тироидната жлезда може да предизвика мускулите околу окото кои ги контролираат движењата на очите да станат поголеми. Може да се појави и проблем со фокусот и видот може да стане заматен. Исто така, може да се појави и проблем со дупли слики.

Синдром на карпален канал

Вишокот течност се  таложи и во други делови од телото. Во раката постојат нерви кои испраќаат сигнали низ мекото ткиво или „тунел“ во близина на зглобот, а кога тоа ткиво отекува, може да дојде до притисок врз нервите во таа област. Вкочанета рака, пецкање и слабост кои може да ги почувствувате во прстите се нарекува синдром на карпален канал.

Храната има чуден вкус

Сетилото за вкус може да ве измами, а кога тироидната жлезда не работи како што треба, може да предизвика проблеми со вкусот и затоа храната може да има поинаков вкус.

Намалено либидо

Кога работата на тироидната жлезда е забавена, истото се случува и со метаболизмот, а токму тој ги контролира органите во телото кои ги создаваат хормоните потребни за сексуална желба. Кога тие недостасуваат во организмот, тоа ќе го почувствувате и самите бидејќи желбата за секс може да се намали.

Опаѓање на косата

Секојдневно ни паѓа косата, но ако забележувате се повеќе промени на скалпот или дека косата се проретчува, можеби за тоа е одговорна и тироидната жлезда. Овој проблем обично се појавува кај сериозни промени на тироидната жлезда кои траат долго време.

Висок крвен притисок

Помалку активната тироидна жлезда може да предизвика крвните садови да станат помалку флексибилни, што значи дека ќе биде отежнат протокот на крв од срцето до другите делови на телото. Премногу активната тироидна жлезда може да го зголеми крвниот притисок и да придонесе за аритмии.

Запек

Ова е еден од проблемите што може да биде знак за хипотиреоза, а ако имате други проблеми со работењето на тироидната жлезда, може почесто да се појави и мека столица.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот