Излезе нова верзија од „МојДДВ“ надградена со новиот лимит

Фото: МИА

Извршено е усогласување на апликацијата „МојДДВ“, согласно измените и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност за физички лица. Со измените се предвидува исплата на максимален износ од 2.100 денари по корисник за скенираните фискални сметки во првото тримесечје од годинава, што ќе се реализира во мај.

Од Управата за јавни приходи информираат дека корисниците можат да ја преземат новата верзија на апликацијата од „Плејстор“, „Ејплстор“ или „Апгалери“.

Измените веќе се видливи во апликацијата МојДДВ во верзијата 2.1.6. – се вели во соопшението.

Од УЈП додаваат дека од воведувањето на оваа мерка до денес кај граѓаните се вратени близу шест милијарди денари. Претходно, максималната исплата за скенирани сметки за секое тримесечје беше 1.800 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот