Изборот на вкус на сладолед го одбира вашиот карактер: Кој е вашиот?

Profimedia

Дури и вкусот на сладолед кој најмногу ви се допаѓа, кажува нешто за вашиот карактер . Не е исто, има разлика меѓу луѓето кои избираат ванила и чоколада…

Чоколада
Вие сте флертувачка, заводлива, жива и шармантна дама. Често ви завидуваат поради добриот изглед и интелигенцијата. Покрај тоа, тие често сакаат да бидат како вас. Надарени сте со редок талент за кој повеќето можат само да сонуваат. Сепак, често сте лековерни, но сакате животот да ви биде исполнет со доза на драма.

Ванила
Сакате рутина, едноставен и мирен живот без премногу неочекувани возбудливи ситуации кои не можете да ги предвидите. Некои можеби ќе го опишат вашиот живот како досаден, но вие само знаете како да уживате во малите нешта и малите задоволства.

Овошни вкусови
Вие сте толерантна, внимателна и лојална личност. Ве краси способноста да размислувате логично во секоја ситуација. Како што имате толеранција за другите, очекувате и другите да бидат толерантни кон вас. Вашето животно мото е „живеј и пушти ги другите да живеат“. Всушност, не е важно што мислат другите за вас, бидејќи сте се помириле со вашите животни одлуки.

Страчатела
Вие сте решителна и доследна личност која не се откажува од своите принципи и верувања. Барате многу од себе, но и од другите и никогаш не сте целосно задоволни. Пребирливи сте, но барем знаете што сакате. Сепак, не би било на место понекогаш да се опуштите, да бидете поспонтани, да уживате и да се наградите за сопствениот труд.

Ф’стак
Ве краси софистицираност и фини манири. Секогаш сте галантни, љубезни, а вашиот богат речник ги импресионира сите со кои разговарате. Не е невообичаено да се види љубител на ф’стаци на плажа со шешир со голем раб, бидејќи сакате елеганција и женствен стил.

Сладолед со парчиња чајни колачи
Сакате да читате и веројатно имате многу книги дома. Со книга во рака, вие сте сами на своето. Вашата омилена ментална храна е апсорбирање на ново знаење и проширување на вашите хоризонти.

Лешник или орев
Вие сте лојална, чесна, совесна и пристојна личност. Имате високи стандарди кога станува збор за тоа што е правилно, а што не. Секогаш се плашите дека ќе ги повредите туѓите чувства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот