Ивановски во Севиља го оствари третиот најдобар резултат во неговата кариера
На силниот меѓународен маратон во Севиља, Шпанија, во конкуренција на светската елита, македонскиот атлетичар Дарио Ивановски уште еднаш ја потврди својата одлична форма и врвна подготвеност.
Препорачано
Со постигнатиот денешен резултат ја зацврстува својата позиција за пласман преку ранкинг на Европското првенство во Бирмингем, и уште сега е сигурен учесник на континенталниот собир.
Нашиот натпреварувач ја помина целта со време од 2:12:23 часа, што претставува трет најдобар резултат во неговата спортска кариера.
Во исклучително тешка и масовна конкуренција, тој го зазеде 38 место, покажувајќи неверојатна ментална и физичка сила во клучните моменти од трката.
Овој успех на Ивановски е само уште една потврда дека неговата посветеност и патот кон Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 се правилно трасирани. Како стипендист на Македонскиот олимписки комитет, тој е пример за професионализам и мотив за сите млади и идни врвни македонски спортисти-Олимпијци. МОК продолжува да дава целосна поддршка во неговите подготовки и учество на врвни спортски настани, верувајќи дека најдоброто од Ивановски допрва претстои.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


