Фото: ГРК Охрид

Иванковиќ: Задоволни сме од победата, еден месец се подготвувавме за мечот со Дукла Прага

ГРК Охрид ја совлада екипата на Дукла Прага 30:21 во првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп, што се одигра во саботата во салата “Билјанини извори”.
Ракометарите на Охрид диктираа ритам во текот на целиот меч и постојано го зголемуваа водството.

Во финишот домаќинот имаше и двоцифрена предност, но со серија голови чешкиот противник намали на „минус девет“.

Меѓу најефикасните во победата на македонскиот претставник беше хрватскиот бек Анте Иванковиќ кој постигна седум голови.

– Еден многу убав натпревар и за кој се подготвувавме еден месец, трениравме. Во последните две-три минути од натпреварот можевме да постигнеме уште два голови, за уште посигурна, повисока победа. Но, можам да кажам дека сме задоволни од овој меч – рече Иванковиќ по завршувањето на натпреварот.

Реваншот ќе се игра во Чешка на 21 февруари со почеток од 18.00 часот.

Охрид ја прегази Дукла и дојде на чекор од место во четвртфинале од ЕХФ Европскиот куп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот