ГРК Охрид успешен и во Чешка за потврда на пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп
ГРК Охрид славеше и во реваншот од осминафиналето во рамките од ЕХФ Европскиот куп против Дукла Прага во Чешка сега со резултат 30:24. Македонскиот претставник веќе со една нога се промовираше како четвртфиналист во натпреварувањето откако на првиот меч беше подобар од Чесите со 30:21. На возвратниот дуел по првото полувреме играчите на тренерот Борис …

