Фото: screenshot/ГРК Охрид

ЕХФ Европски куп, Стрмљан: Ќе биде тешко против Дукла Прага, но одиме на победа

Ракометарите на Охрид под полна пареа се подготвуваат за првиот натпревар од осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка, кој ќе се одигра во сабота од 18.00 часот во „Билјанини извори“.

Своите очекувања за првите 60 минути од овој двомеч ги сподели тренерот на македонскиот претставник, Борис Ројевиќ:

– На гости ни доаѓа еден одличен тим кој двапати беше шампион на Европа, клуб со огромна традиција. Ги повикувам сите навивачи да направат атмосфера како што беше против Еурофарм Пелистер, каква што не сум видел во мојот живот, и тоа би значело многу за нас. Подготвени сме, имавме промени во составот, можеби формата не е на најдоброто можно ниво, но постои желбата за надигрување. Со потребната поддршка сигурно би биле поблиску до пласман во следната фаза против одличната Дукла Прага која има тројца чешки репрезентативци, а на клупата е и нивниот селектор. Едвај чекаме да го почнеме натпреварот в сабота – изјави Ројевиќ на денешната прес конференција.

Со тренерот се согласува и средниот бек Тилен Стрмљан дека Дукла Прага станува збор за една многу добра екипа што се бори сезонава за титула во чешкото првенство:

– Добро се подготвивме за нив овие денови. Пред нас е тежок натпревар, ние ќе го дадеме најдоброто од нас. Нема да биде лесно, но одиме на победа, што е наша цел. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број во салата да ни помогнат да дојдеме до позитивен резултат пред реваншот – зборовите на Стрмљан.

Возвратниот дуел во Чешка е закажан за 21 февруари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот