Фото: ГРК Охрид

ГРК Охрид успешен и во Чешка за потврда на пласманот во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот куп

ГРК Охрид славеше и во реваншот од осминафиналето во рамките од ЕХФ Европскиот куп против Дукла Прага во Чешка сега со резултат 30:24.

Македонскиот претставник веќе со една нога се промовираше како четвртфиналист во натпреварувањето откако на првиот меч беше подобар од Чесите со 30:21.

На возвратниот дуел по првото полувреме играчите на тренерот Борис Ројевиќ имаа предност од 15:13.

Најефикасен во победничките редови беше Прибетиќ со седум погодоци, по пет имаа Ојлески и Петриќ.

На спротивната страна како прв стрелец се истакна Мелих со осум погодоци, а три помалку имаше Брежина.

Во следната фаза во саботата пласман понатаму обезбедија и екипите на Целје (Словенија), Олимпијакос (Грција), Бузау (Романија) и Татабања (Унгарија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот