Прибетиќ: Во ниту еден момент не смееме да се опуштиме на реваншот против Дукла Прага
ГРК Охрид ја совлада екипата на Дукла Прага 30:21 во првиот натпревар од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот куп во салата „Билјанини извори” и е поблиску до пласман во следната фаза.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Македонскиот претставник диктираше ритам во текот на целиот меч против чешкиот противник и постојано го зголемуваше водството.
Реваншот ќе се игра на 21 февруари од 18.00 часот, играчите на Борис Ројевиќ се свесни дека и покрај високата победа во првите 60 минути, во ниту еден момент не треба да дојде до опуштање, бидејќи тоа ривалот може да го казни.
– По победата над Дукла Прага овој викенд, нè очекува реваншот. Некои работи беа добри, некои помалку добри и оваа недела се трудиме да ги исправиме нашите грешки и сигурен сум дека ќе излеземе подготвени во сабота. Патуваме со добра предност, но не смееме во ниту еден момент да се опуштиме, бидејќи Дукла е добра екипа која тоа ќе го казни. Верувам во момците дека ќе го покажеме вистинското лице и среќни ќе се вратиме во Охрид – вели играчот на ГРК Охрид, Џанфранко Прибетиќ.
Тимот на Ројевиќ пред два дена имаше нов меч во домашната Супер лига совладувајќи го РК Бутел на домашен терен со 33:28.


