Дарко Гукиќ/ГРК Охрид

Охрид ја прегази Дукла и дојде на чекор од место во четвртфинале од ЕХФ Европскиот куп

Ракометарите на РК Охрид одиграа меч за паметење и со убедливи 30-21 ја совладаа чешката Дукла Прага во првиот осминафинален дуел од Европски Куп на ЕХФ.

Македонскиот суперлигаш фуриозно го отвори натпреварот, правејќи серија од 6-0 со која рано стави до знаење кој ќе го диктира темпото на теренот. Предноста сигурно ја одржуваше до паузата, на која замина со комотни 16-9.

Во второто полувреме, гостите од Прага не најдоа решение за разиграниот состав на Охрид. Домашните продолжија со цврста одбрана и ефикасен напад, во еден момент стигнувајќи и до убедливи „плус 13“ (30-17). До крајот, чешкиот тим само го ублажи поразот, но конечниот резултат 30-21 јасно ја отслика доминацијата на охриѓани.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Дарко Ѓукиќ со осум погодоци, додека Анте Иванковиќ додаде седум. Кај Дукла, по четири реализации запишаа Мелик, Дуда и Војтела.

Реванш средбата меѓу Охрид и Дукла Прага е закажана за 21 февруари, кога ќе се решава патникот во следната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот