Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Иванишевиќ има нов ангажман: Ќе го тренира осмиот светски тенисер?

Легендарниот хрватски тренер, Горан Иванишевиќ доби нова работа и според последните најави ќе биде тренер на Стефанос Циципас, осмиот тенисер на АТП листата.

Ако се остварат најавите на грчката „Газета“, Циципас ќе биде првиот тенисер кој Иванишевиќ ќе го тренира по разделбата со Елена Рибакина со која соработуваше само два месеци.

Претходно Иванишевиќ беше тренер на Новак Ѓоковиќ со кого имаше големи успеси, а од таборот на Новак си замина во март 2024 година.

Циципас во кариерата во еден момент беше и трет на АТП листата, додека во кариерата освои титули, но се уште нема ниту еден грен-слем трофеј.Двапати играше финалиња на Австралија Опен и Ролан Гарос, но не успеа да слави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот