Седница на судски совет / Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Итна седница на Судскиот совет за имунитетот на Ѓоко Ристов

Судскиот совет закажа итна седница за денеска во 15.30 часот на која ќе се одлучува дали ќе му биде одземен имунитетот на судијата Ѓоко Ристов, откако Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција побара куќен притвор и одземање на пасошот.

-Судскиот совет на Република Северна Македонија ќе ја одржи 535-та итна седница на ден 20.01.2026 година (вторник) со почеток во 15,30 часот со предлог. Расправа и одлучување по барање на Основен кривичен суд Скопје за одземање на имунитет на судија и за одобрување на предлог за куќен притвор – соопшти Судскиот совет.

Ова е единствена точка на дневен ред. Според Законот за Судски совет, Советот одлучува за одземање на имунитет на судија во случаи утврдени со закон, на седница на Советот со најмалку седум гласови на членовите на Советот со право на глас.

– Советот на седница одлучува со најмалку седум гласови од вкупниот број членовите на Советот со право на глас по барањето за одобрување на притвор на судија, односно по известувањето дека судијата е притворен. Постапката во која Советот одлучува за одземање на имунитет на судија е итна и се спроведува во рок 24 часа од доставеното барање, односно известувањето за притвор – се вели Законот.

Ѓаволот се шета низ Скопје и по болници, а МВР го бара со меѓународна потерница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот