Итен состанок во ЕУ поради кризата во Белорусија

Лидерите на Европската унија ќе одржат итен видео состанок в среда на кој ќе се разговара за состојбата околу кризата во Белорусија, каде протестите се интензивираат против спорниот реизбор на претседателот Александар Лукашенко.

„Луѓето на Белорусија имаат право да одлучуваат за својата иднина и слободно да го изберат својот лидер. Насилството врз демонстрантите е неприфатливо и не може да биде дозволено”, објави на Твитер претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел.

Состанокот треба да почне напладне.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот