Италијанската Серија А од јануари ќе продолжи без еден клуб!?

Салернитана е пред исфрлање од италијанското фудбалско Калчо/Фото: EPA-EFE/MASSIMO PICA

Италијанската агенција „АНСА“ пренесува дека сè уште не е пристигната понуда за купување на Салернитана што би требало да доведе до исфрлање на овој клуб од Серија А.

Да потсетиме, зад човекот кој само формално е сопственик на клубот од југот на Италија стои претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, а бидејќи фудбалските закони забрануваат еден ист човек да поседува два тима, најверојатно санкциите ќе бидат големи.

Салернитана минатата сезона беше промовиран во Калчото по 22 години минати во пониските лиги. На Лотито му беше наложено да го продаде клубот во текот на летото, пред да започне новата сезона, а подоцна тој рок беше продолжен до 31 декември.

Оваа тема повторно станува актуелна во Италија, бидејќи Клаудио Лотито нема сериозна понуда на само две недели до крајот на годината. А она што за него претставува дополнителен проблем е членот од законот според кој се забранува продажба на клубот на роднини до четврта генерација.

Екипата на Салерно моментално е на дното на табелата во Серија А со осум бодови од 17 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот