Италијанската легенда Дел Пјеро заврши во болница!

фото: твитер

– Сè уште не можам да верувам дека нешто толку мало од три милиметри може толку да боли – напиша Дел Пјеро.

Прославениот италијански фудбалер Алесандро Дел Пјеро им се обрати на своите фанови од болницата. Поранешниот капитен на „аѕурите“ и Јувентус објави слика откако беше хоспитализиран поради проблем со камен во бубрег.

Тој во моментов е во болница во Лос Анџелес, почувствувал силна болка и е прилично изненаден од ситуацијата.

Неговите фанови се загрижени, но екс членот на „Старата дама“ според информациите наскоро се очекува да биде добро.

Сè уште не можам да верувам дека нешто толку мало од три милиметри може толку да боли – напиша Дел Пјеро на Инстаграм.

Во неговата кариера како професионален фудбалер шестпати ја освои Серија А со Јуве, во 1996 година беше европски и светски шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот