Фото: EPA/JUSTIN LANE

Италијанската двојка ја одбрани титулата на САД Опен

Италијанската тениска двојка Сара Ерани и Андреа Вавасори ја одбранија титулата во мешани двојки на САД Опен, откако во финалето одиграно ноќта меѓу среда и четврток славеа над полско-норвешкиот тандем Ига Швјонтек и Каспер Руд со 6:3, 5:7, 10:6.

За разлика од претходните години, турнирот во мешани двојки годинава беше одигран за време на неделата на квалификациите и беше скратен на само два дена натпреварување.

„Оваа победа ја посветувам на сите играчи во двојки кои не добија можност да настапат на турнирот“, изјави Ерани по финалето.

Нејзиниот партнер Вавасори оцени дека, „како и во сè, постојат и добри и лоши страни во еволуцијата на форматот“, но нагласи дека најважно е што „повеќе луѓе го открија мешаниот дубл“.

Повеќето сингл-играчи кои учествуваа во овој нов концепт дадоа позитивни коментари. Петтиот светски рекет, Британецот Џек Дрејпер, изјави дека во спротивно времето ќе го поминел само на тренинзи пред почетокот на главниот турнир.

„Повеќе сакам да играм на голем терен пред публика“, рече Дрејпер, додавајќи дека би било „одлично ако сите грен-слем турнири го прифатат овој формат“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот