Италијанците го молат ИОК: Баталете ги Олимписките игри, човечкиот живот вреди највеќе

Италијанските спортски работници побараа од ИОК да ја промени одлуката за одржување на Олимписките игри во Токио.

Поранешниот претседател на Италијанскиот олимписки комитет (КОНИ), Џовани Петручи и претседателот на Италијанската и Европската пливачка федерација, Паоло Барели побараа ИОК да не биде тврдоглав и да ги откаже Олимписките игри во Токио кои треба да се одржат од 24 јули до 9 август.

Италија ја помина Кина по бројот на загинати лица како последица од пандемијата на коронавирусот, во моментов бројката на починати во Италија е во 3.405 лица.

– Јас не сум против Олимписките игри, но да се зборува дека тие ќе се одржат е голема грешка во комуникацијата. Пандемијата влијае на целиот свет. Знам дека договорите се тешки неколку милијарди долари, но човечкиот живот вреди повеќе од сетоа тоа. Мислам дека не сум единствен кој вака размислува. Не сакам да го нападнам ИОК каде има многу луѓе кои ги познавам, но не знам што друго да кажам. Не се обидувам да направам контроверзи, туку сум реален – изјави Петручи кој 14 години беше на чело на КОНИ.

Слично размислува и претседателот на талијанската и Европската пливачка федерација, Паоло Барели.

– До 15. април ќе има многу спортисти кои немале никаков тренинг два месеци. Спортистите се како часовници, мораат да тренираат за да функционираат беспрекорно. Многу од нив мора да настапат и во квалификации поради што мораат да тренираат и за тоа и за Игрите. Доколку оваа состојба со коронавирусот продолжи и во април, смешно е да се зборува за Олимписките игри – вели Барели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот