Италијанците се радуваат што Елмас нема да игра во баражот

елиф елмас македонска фудбалска репрезентација
фото: EPA-EFE/NAKE BATEV

Македонската А репрезентација на гостински терен ќе игра против Италија во полуфиналето од баражот за пласман на Светското првенство во Катар 2022.

Така одлучи жрепката одржана в петок, а доколку триумфираме на мечот против актуелниот европски шампион, во финалето како последна пречка за учество на Мундијалот исто како гости ќе играме против подобриот од натпреварот Португалија – Турција.

Нашиот селектор Благоја Милевски е свесен дека противникот ја има фаворитската улога, но и Македонија нѐ случајно е во баражот.

Од друга страна, италијанскиот стратег Роберто Манчини ја почитува македонската репрезентација и вели дека добиле тешка жрепка.

Европската фудбалска куќа ги објави термините во кои ќе играат репрезентациите, на 24 март (четврток) 2022 година, Италија – Македонија од 20.45 часот, како и дуелот Португалија – Турција. Во истиот термин ќе се игра и финалето пет дена подоцна, односно на 29 март (вторник) 2022.

Манчини: Македонија е добар тим

Италијанците веднаш ја објавија информацијата дека во полуфиналниот меч за Македонија поради жолти картони нема да настапи еден од нашите најважни репрезентативци, Елиф Елмас.

Досега сезонава играчот на Наполи во Серија А има 13 настапи со еден погодок во домашната победа над Венеција. Исто така и два гола во Лига Европа, а последниот го имаше против Спартак Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот