ВИДЕО: Голот на Елмас недоволен за Наполи да го избегне поразот во Москва

Елиф Елмас постигна гол на гостувањето во Москва/фото: EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го постигна единствениот гол за Наполи во петтото коло од Лигата на Европа на гостувањето кај Спартак Москва, но италијанскиот тим не успеа да го избегне поразот.

Наполи загуби со 2:1 ја гостувањето во Москва и со тоа си го закомпликува настапот во следната рунда. Наполи моментно се наоѓа на второто место на табелата во групата Ц колку што има и Спартак Москва, додека Легија и Лестер кои играат задутре имаат еден, односно два бода помалку и со евентуален триумф во меѓусебната пресметка, еден тим ќе избие на првото место на табелата. Згора на тоа Наполи во последното коло игра против Лестер.

Фудбалерите на Спартак по првото полувреме имаа предност од 2:0 благодарение на головите на Соболев во третата и во 28 минута. Единствениот гол за Наполи беше дело на Елмас во 64 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот