Италија се откажува од испораките на руски гас за зимата 2024/25

Гасовод/ Фото Архива на Слободен печат

Италија ќе може целосно да се откаже од испораките на руски гас во зимата 2024/2025 година, изјави денеска извршниот директор на италијанската енергетска компанија ЕНИ, Клаудио Дескалчи, објави Политика рс.

„Изгледите за нула испорака на руски гас во Италија? Сигурен сум дека тоа ќе се случи во зимата 2024/2025 година. Ако продолжиме во истиот дух, би рекол дека работите одат во добра насока“, изјави Дескалчи на новинарите во Алжир. T

Tој потврди дека смета на натамошно проширување на соработката со Алжир.

„Ги ажурираме обемните договори годишно. Доволно е да се каже дека само пред две години Алжир ја снабдуваше Италија со околу 21 милијарда кубни метри, сега нè снабдува со 25 милијарди, а следната година ќе достигнеме 28 милијарди. Тоа го очекувам во 2024/2025 година. Ова е стратешки партнер кој многу и помага на Италија“, рече тој.

Според него, проектот Италија да стане енергетски центар е направен пред се од гас кој се носи во Италија и за две до две и пол години ќе можеме да го имаме потребното за потрошувачка. Но, додава тој, енергетската безбедност се состои и од инфраструктура, јави Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот