Италија го објави списокот на фудбалери за натпреварот против Македонија во Скопје

фото: EPA-EFE/CARMELO IMBESI

Новиот селектор на актуелниот европски шампион Италија, Лучано Спалети го објави списокот на фудбалери за претстојните квалификациски натпревари за ЕП 2024 против Македонија и Украина.

Потсетување дека Италија ќе гостува во Скопје на Националната арена „Тодор Проески“ на 9 септември од 20.45 часот, а влезниците за овој меч се веќе во продажба.

Моментно во нашата квалификациска група „Ц“ Англија е првопласирана со 12 максимални бодови, пред Украина која има шест од три натпревари, следува Италија со три од два натпревари, Македонија е четвртопласирана со три бодови од три натпревари, а последна е Малта без ниту еден бод од четири мечеви.

За првпат во италијанската репрезентација е повикан централниот бек на Лацио, Николо Казале, а повратници се Матиа Ѕакањи, Кристиано Бираги, Џанлука Манчини и Мануел Локатели.

Севкупно Спалети повика 29 фудбалери, во продолжение составот на Италија:

Голмани: Џанлуиџи Донарума (ПСЖ), Алекс Мерет (Наполи), Иван Проведел (Лацио), Гуљелмо Викарио (Тотенхем);

Одбранa: Алесандро Бастони (Интер), Кристијано Бираги (Фиорентина), Николо Каzале (Лацио), Матео Дармијан (Интер), Џовани Ди Лоренцо (Наполи), Федерико Димарко (Интер), Џанлука Манчини (Рома), Алесио Ромањоли (Лацио), Џорџо Скалвини (Аталанта), Леонардо Спинацола (Рома);

Среден ред: Николо Барела (Интер), Брајан Кристанте (Рома), Давиде Фратези (Интер), Мануел Локатели (Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рома), Матео Песина (Монца), Сандро Тонали (Њукасл);

Напад: Федерико Киеза (Јувентус), Вилфред Гнонто (Лидс), Чиро Имобиле (Лацио), Матео Политано (Наполи), Џакомо Распадори (Наполи), Матео Ретеги (Џенова), Матија Ѕакањи (Лацио), Николо Ѕаниоло (Астон Вила).

Милевски повика 29 фудбалери за натпреварите против Италија и Малта

Милевски: Ја почитувам одлуката на Ристовски, сакав и натаму да ја води репрезентацијата

Милевски: Македонија не е фудбалска велесила, тоа што ни се случи со Англија е можеби добро

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот