Милевски: Ја почитувам одлуката на Ристовски, сакав и натаму да ја води репрезентацијата

фото: ФФМ

Неодамна Стефан Ристовски одлучи да ја заврши репрезентативната кариера, искусниот дефанзивец објави дека не е во најдобар однос со сегашниот селектор на македонската А фудбалска репрезентација, Благоја Милевски.

Играчот на Динамо Загреб истакна дека и покрај сите негови напори и вложувања гледа дека во репрезентацијата работите одат во погрешна насока, што го покажуваат и резултатите.

На прес-конференција Милевски ја коментираше одлуката на Ристовски да се повлече од националниот дрес:

– Имам голема почит кон сите репрезентативци. Бев во Загреб за да разговарам со Ристовски кој сакав и натаму да ја води репрезентацијата и да биде нејзин капитен. Имавме различни мислења за одредени теми сè во интерес на репрезентацијата. За жал, тој нема да биде дел од националниот тим, но тоа не значи ќе се загуби мојата почит за него. Мојата единствена замерка е што тоа го дознав преку социјалните мрежи кои јас не ги користам, но како и да е, ја почитувам неговата одлука, со Стефан немам никакви лични недоразбирања – вели Милевски.

За претстојните натпревари од квалификациите за ЕП 2024 против Италија и Малта, од списокот отпаднаа тројца фудбалери.

Со репрезентацијата овој месец нема да биде Марјан Радески, а исто така и Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација за настап, како и Ваљон Етеми, кој ја влече истата повреда од минатиот месец. Димитар Митровски и Ахмед Иљазовски добија дебитантски повик во националниот тим и ќе се обидат да ја зголемат конкуренцијата.

Милевски повика 29 фудбалери за натпреварите против Италија и Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот