Трамп и Мелони се сретнаа во Палм Бич/Фото: Chigi Palace Press Office/ Filip / Zuma Press / Profimedia

Италија е спремна да прати воени бродови во Персискиот Залив, изјави Мелони

Италија е подготвена да стави на располагање поморски единици за обезбедување на пловидбата во Ормускиот Теснец крај иранскиот брег, изјави денеска премиерката Џорџа Мелони во Париз.

Мелони ја даде изјавата по разговорите во француската престолнина за можен воен ангажман во теснецот, кој е од витално значење за светските пазари на нафта.

Иран и САД во моментов се во непријатно примирје, чија цел е да се обезбеди заемно прифатлив извоз на нафта преку овој тесен воден пат.

Сепак, секое распоредување мора да добие одобрение од парламентот согласно уставните барања на Италија, рече Мелони.

Конференцијата во Елисејската палата беше иницирана од францускиот претседател Емануел Макрон и од британскиот премиер Кир Стармер.

Покрај Мелони, присутен беше и германскиот канцелар Фридрих Мерц, додека десетици други земји и меѓународни организации учествуваа преку видео врска.

Мелони умерено го поддржа папата, опозицијата ѝ скокна, па директно го осуди Трамп за навредите

Мерц изјави дека Германија е подготвена да учествува во мултинационалната мисија, но би претпочитала учество на САД, додека, пак, Макрон се залага за операција без вклучување на завојуваните страни.

Мелони ја опиша иницијативата на Макрон и на Стармер како „исклучително важна“ и рече дека затоа требало лично да присуствува.

По неколкунеделна блокада поради војната со Иран, раководството во Техеран по почетокот на конференцијата во Париз соопшти дека ќе го отвори Ормускиот Теснец за нафтени танкери и за трговски бродови.

Во меѓувреме, САД имаат намера да ја задржат својата сопствена поморска блокада, која, како што нагласи претседателот Доналд Трамп, се однесува само на бродови со пристаниште на потекло или дестинација во Иран.

Иран: Ормускиот Теснец e потполно отворен за пловидба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот