Истражување: Зошто образите црвенеат по пиење алкохол?

Фото: Профимедиа

Ако образите често ви се зацрвенуваат, сигурно сте се запрашале која е причината за ваквата реакција на вашето лице?

Новото откритие би можелo да објасни зошто луѓето кои носат една варијанта на генот се поподложни на црвенило на лицето.

Имено, варијантата на генот која предизвикува реакција на црвенило на образите по пиење алкохол, исто така, го зголемува воспалението и влијае на циркулацијата во телото.

Истражувањето, чии резултати беа објавени во списанието Science Translational Medicine, споило две различни студии спроведени на глувци со анализа на геномски податоци земени од извори на Биобанкa во Јапонија и Велика Британија.

Влијанијата на алкохолот на здравјето, за голем дел од човечката популација, значително се ублажуваат со активноста на ензимот наречен митохондријална алдехид дехидрогеназа (АЛДХ2). Тој го разложува алкохолот на помалку штетни компоненти во процесот што се состои од повеќе чекори. Прво, етанолот се претвора во соединение кое се вика ацеталдехид со помош на ензимот наречен алкохол дехидрогеназа. Ацеталдехидот потоа брзо се разградува до ацетат со помош АЛДХ2.

Меѓутоа, за поединци со варијанта на таканаречениот ген АЛДХ2*2, процесот не е толку едноставен. Нивниот ензим АЛДХ2 има значително намалена функција. Како резултат на тоа, отровниот ацеталдехид останува во нивните тела многу подолго, предизвикувајќи полоши здравствени ефекти од прекумерното пиење (и посериозни мамурлаци). Оваа варијанта е речиси отсутна во повеќето делови на светот, освен во источна Азија, каде што варијантата е присутна кај околу една третина од луѓето.

Луѓето кои пијат и покрај тоа што го имаат овој генотип се изложени на зголемен ризик од рак, а исто така, имаат и до 48 отсто поголем ризик од срцеви болести, предупредуваат лекарите.

Останува нејасно како оваа болест е поврзана со активноста на АЛДХ2. За да ја откријат оваа врска, тим предводен од авторот Џозеф Ц. Ву, лекар и директор на Кардиоваскуларниот институт Стенфорд, спроведе анализа на целиот геном на 29.319 случаи на луѓе со срцеви болести.

Откако се потврди силната поврзаност меѓу варијантата АЛДХ2*2 и срцевите заболувања, научниците се задржаа кај примероци од девет засегнати лица. По еден стандарден пијалак, истражувачите забележале дека испитаниците имаат намалена функција на ендотелијалните клетки, што игра клучна улога во одредувањето на опасноста од вообичаен вид на болести на срцето, односно болести на коронарните артерии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот