ИСТРАЖУВАЊЕ: Секој четврти Европеец има антисемитски ставови

Фото: Миа

Секој четврти Европеец има антисемитски верувања што се во пораст во земјите од Источна Европа, додека во Западна Европа тие обично се на слично ниво како порано, покажува ново истражување.

Според истражувањето спроведено во 14 европски земји од Њујоршката лига против навреди (Anti-defamation league) антисемитски ставови се најраширени во Полска, Украина и Унгарија, во кои повеќе од 40 проценти од испитаниците изразиле вакви ставови.

Истражувањето покажа дека бројот на граѓани со антисемитски погледи во повеќето западноевропски земји е или помал од претходно или скоро непроменет.

Помала раширеност на антисемитски уверувања отколку порано има во Велика Британија, Шпанија, Холандија, Германија, додека значителен пад на ваквите ставови е регистриран во Италија и Австрија.

Благ пораст има во Данска и Белгија, додека во Франција нема промени. Од испитаните земји, најмалку антисемити има во Шведска – четири отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот