Истрагата за „МПМ“ е завршена: Срѓан Керим осомничен за три кривични дела

Срѓан Керим / Фото: Скриншот, Нова ТВ Дневник

Кривичната истрага којашто со години наназад се водеше за сопствениците на „Медиа Принт Македонија“ е завршена. Истрагата финиширала некаде кон крајот на минатиот месец, а некогашниот сосопственик и директор на „МПМ“, Срѓан Керим, се сомничи за три кривични дела, објави сајтот Правосудство.

Според сајтот, Керим од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) е осомничен за сторена „Злоупотреба на службена положба и овластување“, согласно член 353 од Кривичниот законик, за „Оштетување или повластување на доверители“ од член 257 став 3 од КЗ и за „Намерно предизвикување на стечај“.

Осомничениот Срѓан Керим веќе неколку години наназад е жител на Опатија, откако за себе си обезбеди хрватско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот