Историски успех на Блокотехна, ја освои БИБЛ-лигата

Екипата на Блокотехна оствари историски успех, стана втората македонска екипа по Фени индустри (2011 г.), која триумфира во БИБЛ-лигата откако во финалето на завршниот турнир со 82:68 ја совлада Теута.

Успехот на тимот од Негорци добива на тежина ако се знае дека екипата постои само две години, а на завршниот турнир во Приштина настапи без двајца клучни кошаркари, најкорисниот играч во лигата, Данило Мијатовиќ и капитенот Горан Главчев.

Победата на Блокотехна се наѕираше уште во првата четвртина која ја доби во своја корист со убедливи 25:9. Во вториот дел избраниците на Марјан Илиевски успеаја да го издржат налетот на домашните кошаркари и на полувреме заминаа со 12 поени разлика (42:30). Во третиот дел Блокотехна и го нанесе конечниот удар на Теута добивајќи ја четвртината со 28:15, по што стана јасно кој ќе слави на крајот.

Најрасположен за игра во редовите на новиот шампион на БИБЛ-лигата беше Брендон Пен со постигнати 31 поен. Божо Ѓумиќ забележа 17 поени, Петар Николиќ даде 15, а Марјан Младеновиќ  14 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот