Истополови партнери за првпат легално посвоија дете во Тајван

Ванг Чен-веи и Чен Чун-џу ги потпишаа договорите и станаа првите истополови партнери кои легално станаа родители во Тајван/ Фото Twitter

Ванг Чен-веи и Чен Чун-џу ги потпишаа договорите и станаа првите истополови партнери кои легално станаа родители во Тајван

Двајцата истополови партнери станаа првото семејство во историјата на Тајван кои легално посвоија дете, откако по долга борба успеаја да го променат законот во таа земја, пишува Гардијан.

Ванг Чен-веи, Чен Чун-џу и нивната ќерка Џуџу, ја привлекоа јавноста во Тајпеј откако ги потпишаа договорите со кои официјално станаа родители.

„Сега имам се. Сега сум оженет и како сите хетеросексуални двојки, сега можеме да имаме наши деца. Но, ние сме родени да уживаме вакви права, ова не е некоја хуманитарна помош која ни беше подарена. Ние се боревме за ова“ изјави Ванг.

Тајван во 2019-та ги легализираше истополовите бракови, кога стана прва земја во Азија која го направи тој потег. Но, покрај тоа, во таа земја не беа загарантирани сите права на луѓето од ЛГБТИ заедницата.

„ЛГБТИ лицата во Тајван мораат да бираат или да посвојат дете или да стапат во брак со својот партнер. Досега не беа возможни и двете опции“ напишаа на Фејсбук Чен и Ванг откако ги потпишаа договорите.

Тие двајца се заедно повеќе од 16 години, а долги години водеа битка со властите околу правото за посвојување. На 25-ти декември, судот и семејството одлучија дека децата не смеат да бидат дискриминирани поради статусот на нивните родители. Со тоа судот одлучи да им овозможи на родителите да го посвојат младото девојче.

Двајцата партнери велат дека секогаш сакале да имаат две деца, но засега судот строго го забрани тоа.

Според тамошните закони, разведените луѓе или луѓето кои не стапиле во брак, можат слободно да посвојуваат деца, но истото не важи и за истополовите бракови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот