Собрание Фото: Драган Митрески/Слободен печат

Истече рокот за распишување оглас за нов член на Антидискриминаторската комисија, реагираат граѓански организации

Собранието сè уште нема објавено нов јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), иако законскиот рок за тоа е истечен, реагираат граѓански организации поврзани преку Мрежата за заштита од дискриминација.

Во реакцијата се наведува дека е неопходно да се распише нов оглас за пополнување на испразнетото место.

„Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација, доколку Собранието не избере членови на Комисијата, постапката за избор се повторува во целост со објавување јавен оглас веднаш, а не подоцна од рок од десет дена. Имајќи предвид дека Собранието избра два члена на 29 јануари, рокот за распишување на нов оглас истече на 8 февруари година. До денес, таков оглас не е објавен“, забележуваат од Мрежата.

Оттаму апелираат Собранието сериозно да го сфати значењето на Комисијата како институција што го штити достоинството на граѓаните и претставува основа за развој на демократско општество. Воедно ги потсетуваат пратениците на законските обврски, кои вклучуваат утврдување листа на кандидати што ги исполнуваат условите, активно учество на седницата за нивно претставување, навремено да ги информираат граѓанските организации, како и да обезбедат транспарентен процес при одлучувањето.

Од Мрежата посочуваат дека Законот предвидува јасни критериуми за избор на член на Комисијата, меѓу кои кандидатот да биде државјанин на Македонија, да има најмалку 240 ЕКТС кредити и седум години работно искуство во областа на човековите права, од кои пет во еднаквост и недискриминација, да нема изречена затворска казна подолга од шест месеци или забрана за вршење дејност, како и да не извршува функција во политичка партија.

Инаку, Собранието на 29 јануари ги избра Лимко Бејзароски и Наташа Амдиу за членови на Антидискриминаторската комисија. Истовремено, кандидатката Џихан Ахмед, која стана вирална во јавноста, со допис до законодавниот дом ја повлече својата пријава.

Собранието избра двајца членови на Комисијата за спречување дискриминација – Џихан Ахмед се повлече

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот