Истече рокот за распишување оглас за нов член на Антидискриминаторската комисија, реагираат граѓански организации
Собранието сè уште нема објавено нов јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), иако законскиот рок за тоа е истечен, реагираат граѓански организации поврзани преку Мрежата за заштита од дискриминација. Во реакцијата се наведува дека е неопходно да се распише нов оглас за пополнување на испразнетото место. …

