Собранието избра двајца членови на Комисијата за спречување дискриминација – Џихан Ахмед се повлече

Пратениците во Собранието денеска на пленарна седница ги избраа Лимко Бејзароски и Наташа Амдиу за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Предложените кандидати беа изгласани со 62 гласа ,,за” и еден воздржан пратеник. Кандидатката Џихан Ахмед како што информираше претседателот на Собранието Африм Гаши – вчера со допис до Собранието ја повлекла својата пријава. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација има 7 члена, а по повлекувањето на Ахмед сега има само 6 избрани членови.

Како Џихан Ахмед се протна низ Комисијата за избори и именување во Собранието незабележана?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот