Истанбул/ Фото: Пintugupta565 / Needpix

Истанбулските угостители во проблеми поради голем број случаи на труење – инженер добил кафе со детергент

Уличните продавачи, рестораните и хотелите во најважните туристички области на Истанбул доживуваат деловни загуби поради загриженоста што се појави по голем број случаи на труење. Еден од тие случаи е и смртта на четиричленото семејство од Германија. Според Здружението на ресторани и туризам (TÜRES), продажбата на печени компири, школки и кукурек (јадење од јагнешки црева) од страна на уличните продавачи во Бешикташ се намалила за повеќе од 80 проценти во првите денови по случаите на труење. Покрај тоа, продажбата на донер и доставата на храна се намалени за 25 проценти.

Ридван Туршак од TÜRES изјави за весникот „Хуриет“ дека продажбата на храна е сè уште за 40 проценти помала во споредба со времето пред случаите на труење. Тој го посочи Бешикташ како дел од градот каде што намалувањето е најголемо. Тоа е дел од градот со традиција на продажба на улична храна. Бизнис проблемите за угостителите започнаа претходно овој месец, по труењето на семејство од турско потекло кое дошло во Истанбул од Германија. Станува збор за семејството Бочек, а починаа сопружниците Сервет и Чигдем и нивните деца Кадир Мухамед и Масал. Сите починаа откако јаделе храна од уличен продавач во Ортаќој, Бешикташ.

Уште двајца туристи завршија во болница со симптоми на труење во Истанбул по смртта на мајката и двете деца

Сепак, истрагата утврди дека причина за смртта на ова семејство всушност бил алуминиум фосфид од фумигацијата (дезинсекцијата) на хотелот Фатих каде што престојувале. Сепак, Туршак нагласи дека првичното сомневање за храна од улични продавачи ја разнишало довербата. Меѓу затруените се 25 лица кои побарале медицинска помош откако консумирале храна од доставата на истиот ресторан во истанбулската населба Шишли. Овој ресторан бил затворен откако инспекторите откриле дека работи без лиценца.

Дополнително, 26-годишен инженер е на интензивна нега откако испил турско кафе направено со детергент за машина за миење садови, предизвикувајќи тешки хемиски изгореници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот