Исповедта на Катерина (16) ГО РАСПЛАКА РЕГИОНОТ: Отидов во Виена да работам како БЕБИСИТЕРКА за 1.000 евра, а таму ме СИЛУВАА СЕКОЈА НОЌ!

Србинката Катерина (16) го прифатила повикот од непозната жена во Виена да работи два месеци како бебиситерка за 1.000 евра.

Но, наместо во Виена, таа завршила како жртва на трговијата со луѓе во кафеана покрај авто-пат, каде ја силувале и принудувале да се занимава со проституција.

– Се започна така што еден ден во домот ни се појави жена која тврдеше дека и е потребна бебиситерка за две деца во Виена. Татко ми не сакаше да ме пушти да одам, му беше сомнителнно, но мајка ми беше упорна. Веруваше дека тоа е добра прилика за мене, а јас и верував на неа, раскажа несреќната девојка.

После долги преговори, добила дозвола и од таткото, особено кога им биле понудени 1.000 евра однапред. Катерина била пресреќна, не знаејќи дека во тој момент за неа ќе започне вистински пекол.

– До Виена не ни стигнавме. Жената која ме врбуваше ме однесе до некоја кафеана на авто-пат каде ме чекаше некој маж. Ме виде и и кажа дека добро одбрала, дека ќе бидам добра за шипка. Во тој момент сфатив што ми се случува, вели Катерина.

Навечер ја терале да игра на шипка и да се соблекува. А после тоа дошло до она најлошото. На почетокот ги одбивала мажите кои и ги испраќале во соба, но тие се пожалиле.

– Ме даваа на муштерии кои со мене правеа се што сакаа. А кога ќе се обидев да се бранам, доаѓаше човек кој ме држеше затворена и ме тепаше, често и силуваше, за да ми покаже дека всушност немам друг избор, раскажува несреќната девојка.

Abuse

Молчела и не се обидувала да побегне бидејќи и се заканувале дека ќе и го убијат семејството. Далеку од нив, не знаејќи ни каде точно се наоѓа, деновите ги поминувала заклучена во соба чекајќи раните да и зараснат. Но, тоа не се случувало бидејќи злоставувањата биле секојдневни.

– Се плашев, но кога после едно од многубројните силувања ме претепаа толку што не можев да станам, знаев дека морам да бегам. Имав среќа прв пат после многу време бидејќи никој не беше во кафеаната, истрчав и почнав да трчам низ шумата, иако се ме болеше, се присетува таа.

Во полицијата и била потребна многу голема храброст за да раскаже што се преживеала.

– Сфатив после некое време дека морам да кажам бидејќи доколку јас молчам, некоја друга девојка ќе заврши како јас, вели храбрата девојка.

Нејзината приказна покрена голема акција во борбата против трговијата со луѓе. Се здужиле фондот UNITAS, центарот за заштита на жртвите од трговијата со луѓе на Република Србија и Министерството за образование, наука и технолошки развој и МУП.

Снимен е документарецот „Набљудувачи“ од режисерот Никола Љуца кој за цел има поддигнување на свеста за овој вид на криминал, како и предочување на начинот на превенција на трговијата со луѓе.

Приказната на Катерина е една од трите кои се обработени во документарецот, а во сите три приказни се модели во кои криминалците врбуваат луѓе и сите три се вистинити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот