Исповед на нулта пациентот во Италија: Додека бев во кома го сонував предворјето на смртта

Нулта пациентот со Ковид-19 во Италија, Матија Маестри (38), раскажал како течела неговата борба со вирусот.

– Овие два месеци беа пошокантни од што можев да замислам. Одеднаш се разболев, дојдов на чекор од смртта, па потоа станав од мртвите, рекол Матија.

Тој добил висока температура на 17 февруари и веднаш отишол во итна помош каде му констатирале воспаление на белите дробови, му дале антибиотици и го испратиле дома. По само два дена толку му се влошила состојбата, што го задржале во болница. Белите дробови веќе сериозно му биле загрозени.

На никој и понатаму не му било јасно што му е, додека на една анестетичарка не и паднало на памет да го тестира на Ковид-19, иако тогаш се уште немало ниту еден случај во Европа.

Го успале, а потоа го префрлиле во болница во Павиа по 20 дена.

– Во комата го сонував предворјето на смртта, а сега го гледам сонцето, го опишал тој своето пеколно искуство.

Во меѓувреме открил дека на вирусот биле позитивни и неговата бремена жена и родителите. Татко му починал, сопругата и мајката се излекувале и тој денес е татко на здраво девојче.

Тоа што засекогаш ќе остане тајна: Кој му го пренел на него вирусот, за тој да може да ги зарази останатите?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот