Исплата за второто тримесечје од Мој ДДВ во август

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци, ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Заклучно со месец јуни се заокружува второто тримесечје во кои граѓаните скенираа сметки за поврат на ДДВ. Според УЈП од април до јуни биле скенирани вкупно 41.650.814 фискални сметки за што е остварен поврат од 334.556.243 денари или 5.440.000 евра.

Повратот на 15% од искажаниот промет во фискалната сметка, кај граѓаните за ова тримесечје ќе започне да се исплаќа во август 2020 година .

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните да ги ажурираат податоците наведени во апликацијата со што би овозможиле редовна исплата на повратот.

Граѓаните кои имале погрешно наведени податоци, а во меѓувреме ги коригирале односно ги навеле точните податоци, ќе им се исплати повратот за целиот период на скенирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот