Исламска држава ја презеде одговорноста за двете денешни експлозии во Кабул

Исламската држава / Фото: Архива на Слободен печат

Исламска држава ја презеде одговорноста за двете денешни експлозии во главниот град на Авганистан, Кабул, се наведува во соопштението на оваа терористичка организација што беше објавено на социјалната мрежа Телеграм.

Британските медиуми, цитирајќи ги талибанските власти, пренесуваат дека во експлозиите загинало едно лице, а најмалку шест се повредени, меѓу кои и три жени.

Терористичките акции на Исламската држава во Авганистан зачестија откако Талибанците ја презедоа власта во август.

Претходно овој месец, во напад на Исламска држава врз болница во Кабул загинаа најмалку 23 лиц а, а десетици беа повредени.

Во средината на октомври, сунитската милитантна организација Исламска држава изврши напад врз шиитска џамија, за време на молитва, во Кандахар, при што загинаа 65 лица.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот