
Исфрлете ги веднаш: Сите ги чуваат овие работи под креветот, а тие привлекуваат негативна енергија
Што никогаш не треба да чувате под креветот? Стара и износена облека или обувки. Ако ги складирате овие работи под креветот, ќе привлечете негативна енергија, па затоа најдобро е веднаш да ги преместите.
Препорачано
Некои предмети носат негативна енергија со себе и тие влијаат на нас додека спиеме. Јасно е дека поминуваме многу време во кревет, па не сакаме лоши вибрации околу него. Некои од нив се:
Работи кои враќаат лоши спомени
Ако ве поврзуваат со лоши работи, постојано ќе создаваат лоша енергија во вашиот дом.
Подароци и фотографии од поранешни партнери или пријатели
Овие работи постојано нè тераат да размислуваме за минатото и за работите што треба да ги пребродиме. Затоа, ако сакате да се ослободите од „духовите“ на минатото, ослободете се од непотребните подароци.
Носена, валкана облека и обувки
На многу луѓе им е тешко да се збогуваат со старите работи, па затоа наоѓаат место каде што можат да останат долго време. Ако имате втори мисли и не сакате да се ослободите од старите работи, чувајте ги на друго место, но никогаш под креветот, бидејќи тие привлекуваат мизерија.
Сушени растенија
Околу креветот во кој спиете никогаш не треба да има исушени или овенати цветови. Се верува дека привлекува лошо здравје.
Оштетени и скршени предмети
Ваквите работи привлекуваат лоша среќа. Немаат место под креветот, ниту пак во домот.
Стари, скршени технички уреди
На сите ни е позната ситуацијата кога наместо да го фрлиме расипаниот телефон, најчесто го чуваме мислејќи дека некогаш во иднина ќе ни треба повторно, иако тоа никогаш не се случува. Ваквите уреди најчесто завршуваат во кутија, а таа кутија завршува под креветот. Ваквите работи носат лоша енергија и лошо расположение.