Амела Јелениќ/Фото: Принскрин

Исчезна девојче во Хрватска

Исчезна дванаесетгодишно девојче од Хрватска. Станува збор за Амела Јелениќ, на која ѝ се губи трага од вчера. Девојчето кое исчезна во Годињак, недалеку од Нова Градишка е родено во 2011 година во Нашице, а на 28 јули побегнало во непознат правец, стои на официјалната веб-страница на МУП.

– Девојчето е високо 155 см. Има кафени очи и кафена коса, среден нос и овално лице и е со средна градба. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носела бел фустан со сини риги и бели тениски чевли.

Нејзиното исчезнување го истражува ПУ Брод-Посавина.

– Доколку имате информации за ова лице, известете ја најблиската полициска станица или јавете се на 192. Информациите можете да ги доставите и преку е-пошта: [email protected] – пишуваат хрватските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот