Иранците повторно удрија со ракети врз кабинетот на Нетанјаху во Ерусалим
Израелски новински извори објавија дека нов бран на ирански ракети погодиле локации во близина на кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим, јавува новинската агенција Тасним.
Препорачано
Според израелската телевизиска мрежа „I24“, дел од иранските проектили паднале на само неколку метри од владините објекти во центарот на градот каде што е сместен и кабинетот на израелскиот премиер Нетанјаху. Во извештаите се наведува дека станува збор за директен удар врз чувствителни зони во главниот град.
Дел од израелските медиуми тврдат дека само една ракета била пресретната од системите за противвоздушна одбрана на Израел, додека останатите успеале да ја пробијат одбраната и да ги погодат своите цели.
Неколку часа пред нападот, Иранската револуционерна гарда, соопшти дека започнал нов, 57-ми бран од операцијата наречена „Вистинско ветување 4“. Во соопштението се наведува дека нападите биле насочени кон објекти во централните делови на Израел, вклучително и инфраструктура за команда и контрола, како и системи за ракетна одбрана но и кон американската база Ал Удеид во Катар.
Иранската страна тврди дека во нападите биле користени прецизни ракети со среден дострел, на цврсто и течно гориво.
Засега нема официјална потврда од израелските власти за обемот на штетите и евентуалните жртви.
Иран: Удривме со ракети врз комплексот на израелската влада, погоден е и кабинетот на Нетанјаху


