Иран тврди: Нема преговори за примирје, Трамп се повлече
Иран ги негира тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека имало преговори за примирје со Техеран, додека затворањето на Ормускиот Теснец продолжува да создава глобална енергетска криза, објавуваaт туските медиуми.
Препорачано
Иранските власти ги отфрлија тврдењата на Доналд Трамп дека се во тек преговори за примирје со САД, инсистирајќи дека не се воделе никакви директни или индиректни разговори.
-Нема никаков директен ниту индиректен контакт со Трамп. Тој се повлече откако слушна дека наши цели ќе бидат сите електрани во Западна Азија – изјави ирански извор за новинската агенција Фарс.
„Откако Исламската Република предупреди дека во случај на американски напад врз иранската енергетска инфраструктура, ќе бидат таргетирани енергетските објекти во целиот регион, Трамп се повлече и изјави дека издал наредба за одложување на нападот“, се наведува во објавата на иранската амбасада во Кабул на социјалната мрежа X.
عقبنشینی ترامپ پس از هشدار قاطع ایران
پس از آنکه جمهوری اسلامی تهدید کرد که در صورت هرگونه حمله آمریکا به زیرساختهای انرژی ایران، زیرساختهای انرژی کل منطقه را هدف قرار میدهد، ترامپ عقب نشست و گفت که دستور تعویق حمله را صادر کرده است. pic.twitter.com/3Jcl3k5YDN
— Embassy of the I.R. Iran in Kabul, Afghanistan (@IRANinKabul) March 23, 2026
Иранската реакција е поврзана директно со објавата на Трамп на „Трут Соушл“ (Truth Social) претходно денеска, во која тој рече дека САД и Иран воделе „многу добри и продуктивни разговори“ во текот на изминатите два дена и дека му наложил на Министерството за војна да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетска инфраструктура за пет дена.
Странски бродови можат да минуваат низ Ормускиот теснец со одобрение од Иран


