Иран тврди дека со ракети нападнал американски воен брод
Иранската морнарица денеска спречи „американско-ционистички“ воени бродови да влезат во Ормускиот Теснец, јави иранската државна телевизија, додека новинската агенција „Фарс“ соопшти дека два проектила погодиле американски воен брод во близина на Јаск во Оманскиот Залив откако ги игнорирале иранските предупредувања.
Препорачано
„Ројтерс“ ја пренесе вреста, но не можеше независно да ги потврди извештаите, а немаше ниту итна реакција од САД.
Иран денеска ги предупреди американските сили да не влегуваат во стратешкиот воден пат откако претседателот Доналд Трамп изјави дека САД ќе ги „изведат“ бродовите заглавени во Заливот поради американско-израелската војна против Иран.
Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот
Трамп даде малку детали за планот за помош на бродовите и на нивните екипажи, кои се затворени во виталниот воден пат и на кои им снемува храна и други залихи по повеќе од два месеци од конфликтот.
„Им кажавме на овие земји дека безбедно ќе ги изведеме нивните бродови од овие ограничени водни патишта, за да можат слободно и способно да продолжат со својата работа“, рече вчера Трамп во објава на неговата страница „Трут сошал“.
Иран бара задолжителна координација за сите движења во Ормускиот Теснец, заканувајќи се со напади „врз странски сили“, особено врз американските.
Поради иранската блокада што ги поскапи енергенсите за над 50 отсто, САД распоредуваат 15.000 војници и голема воена сила за придружба на бродовите, истовремено одржувајќи ја поморската блокада на иранските пристаништа.


