Иран се закани дека ќе нападне електрани низ целиот Блиски Исток, на листата е и нуклеарка во Емиратите
Иран денес се закани дека ќе нападне електрани низ целиот Блиски Исток доколку САД ја остварат својата закана за бомбардирање на електраните во Исламската Република.
Препорачано
Заканата на Техеран, исто така, го загрозува снабдувањето со електрична енергија и вода во арапските држави од Персискиот Залив, бидејќи во нивните електрани се наоѓаат постројки за десалинизација.
Нуклеарна централа во Обединетите Арапски Емирати е исто така на листата на цели за можни напади, која ја објави иранска новинска агенција Фарс, јавува Нова.рс.
Нуклеарната централа Бараках се наоѓа во пустината на запад од Емиратите, во близина на границата со Саудиска Арабија и Катар.
Списокот на евентуални ирански напади врз електрани во регионот ја објави и иранската агенција Мизан.
Инаку, претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека САД ќе ги нападнат иранските електрани во рок од 48 часа доколку Техеран не се откаже од контролата врз Ормускиот Теснец, кој е важен за светскиот транспорт на нафта.
Рокот истекува денес пред полноќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
31мин
-
39мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


