Фото: Илустрација

Иран погуби студент осуден за шпионажа за Израел

Иранските власти соопштија дека е погубен маж осуден за шпионажа во корист на израелската разузнавачка служба Мосад, во рамки на засилената пресметка со наводни соработници по 12-дневниот конфликт меѓу Израел, САД и Иран што се случи претходно оваа година.

Според судските извори, егзекуцијата била извршена откако Врховниот суд ја потврдил пресудата за шпионажа, објави „Ал Џазира“.

Осудениот, 27-годишен студент по архитектура, бил уапсен во северозападниот град Урмија откако бил затекнат како фотографира воен објект, а властите тврдат дека соработувал со израелските служби.

Иранските медиуми наведуваат дека тој наводно извршил повеќе од 200 задачи за странското разузнавање во неколку ирански градови, вклучувајќи фотографирање локации, собирање информации и следење сообраќајни шеми. Според обвинението, комуницирал преку енкриптирани апликации и бил плаќан во криптовалута.

Иранските власти погубија осуден израелски шпион

Егзекуцијата е дел од поширок трен  бидејќи по конфликтот во јуни Иран погуби повеќе луѓе обвинети за шпионажа.

Во октомври, Техеран дополнително го заостри законодавството, со што шпионажата за Израел и за САД стана автоматски казнива со смрт и со конфискација на имот.

Иран: Властите погубија човек обвинет за шпионажа за Мосад

Организациите за човекови права, меѓу кои и „Амнести интернешнал“, предупредуваат дека ваквите процеси честопати се нетранспарентни и дека постојат сомнежи за изнудени признанија.

Според нивните податоци, за време на 12-дневната војна израелските напади во Иран однеле најмалку 1.100 животи, по што иранските власти дополнително ја заострија безбедносната и репресивната политика во земјата.

Иран обеси 35-годишен маж обвинет за шпионажа за Израел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот