Иран погуби човек обвинет дека е израелски шпион

Иран погуби човек обвинет за шпионажа во корист на Израел, објави Eрусалим Пост.

Иранскиот судски медиум „Мизан“ објави дека името на обвинетиот е Али Ардестани.

Иран егзекутираше многу луѓе под обвинение за врски со израелската разузнавачка служба и олеснување на нејзините операции во земјата.

„Смртната пресуда на Али Ардестани за кривично дело шпионажа во корист на разузнавачката служба Мосад преку доставување чувствителни информации на земјата беше извршена по одобрение од Врховниот суд и преку законски процедури“, рече Мизан.

Егзекуциите на Иранци осудени за шпионажа во корист на Израел значително се зголемија оваа година по директниот судир меѓу двете држави во јуни кога израелските и американските сили нападнаа ирански нуклеарни постројки во Фордоу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот