Иран дозволи бродови безбедно да преминуваат низ Ормускиот Теснец
Иранската револуционерна гарда соопшти дека ќе биде овозможен безбеден премин низ Ормускиот Теснец, откако претседателот Донлад Трамп изјави дека го запира „Проектот Слобода“ во чии рамки американската војска ги придружуваше трговските бродови низ овој стратешки воден пат, објави „Ен-пи-ар“.
Препорачано
Командата на морнарицата на Гардата во објава на социјалните мрежи соопшти дека повеќе нема да го блокира минувањето на бродовите низ теснецот. Сообраќајот преку оваа маршрута беше практично затворен откако САД и Израел го започнаа својот напад врз Иран на 28 февруари, што предизвика економски нарушувања низ целиот свет.
„Изразуваме благодарност до капетаните и до сопствениците на бродовите стационирани во Персискиот Залив и Оманското Море за нивната соработка при транзитот низ Ормускиот Теснец во согласност со иранските прописи и за пожелното учество на пловилата во регионалната поморска безбедност. Со прекинот на заканите од агресорите и во сенка на новите процедури, ќе биде овозможена можноста за безбеден и одржлив премин низ теснецот“, се вели во соопштението.
Трамп ја паузираше операцијата во Ормускиот Теснец — Иранците слават победа
Соопштението пристигна само неколку часа откако претседателот Трамп изјави дека ги прекинува напорите започнати во понеделникот, при кои американската морнарица им помагаше на два трговски брода под американско знаме да поминат низ Ормускиот Теснец.
Американската војска соопшти дека операцијата била под ирански оган и дека неколку глисери на Иранската револуционерна гарда биле потонати.
Во соопштението на Револуционерната гарда не беше прецизирано што точно се подразбира под терминот „нови процедури“.
Танкер е погоден од проектили кај Емиратите, не се знае кој е напаѓачот


