Интимната исповед на Мишел Обама – „Постоеа моменти кога сакав да го турнам Барак низ прозорецот“

Фото: Профимедиа/Инстаграм

Мишел Обама откри најинтимни детали од бракот, но и упати совет дека брачниот партнер се избира како што се избира еден кошаркарски тим…

Мишел Обама, која наредната година ќе прослави 28 години брак со Барак Обама, ја отвори душата пред комичарот Конан Обрајан за својот приватен живот, најинтимните работи и за тоа колку треба да се вложи во една врска за да трае долго.

Фото: Профимедиа

Мишел била искрена во поглед на брачните падови и подеми што таа и Барак ги доживеале.

– Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак низ прозорец. И тоа, намерно го велам, затоа што чувствата се толку интензивни. Но, тоа не значи дека сакав да го напуштам. А тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години – истакнала таа.

Фото: Инстаграм

Мишел искрено проговори и за проблемите со стерилитетот и потоа откако го надминала тоа и и се родиле ќерките Саша (19) и Малија Ен (22), но исто така откри дека доаѓањето на децата ја менува динамиката на бракот.

– Не би ги менувала своите ќерки за било што, но децата толку многу можат да го променат бракот, раскажа таа искрено и додаде:

Фото: Инстаграм

– Морав постојано да бидам присутна, а мојот маж си го водеше својот живот. И потоа доаѓаш до моментот на замерки, па сам се запрашуваш што се случило со брачната заедница, што се случило со мојот најдобар пријател? А тој во тоа време е во теретана. Па како си во теретана, а јас седам дома со листови зелка на градите?

Фото: Профимедиа

Мишел, исто така, коментираше и за генерациите што не се толку многу отворени за проблемите во бракот:

– Младите двојки се соочуваат со проблеми и подготвени се да се откажат затоа што мислат дека се скршени. И јас и Барак неколкупати сме биле скршени. Ако во тие тешки моменти се оддалечував од него, сега би ми недостасувала сета оваа убавина што ја имам – истакна Мишел.

Фото: Профимедиа

Што се однесува до особините што се важни кога станува збор за пронаоѓање партнер за цел живот, Мишел вели дека тоа ја потсетува на избирањето кошаркарски тим:

– Доколку сегешните млади избираат партнери како во кошаркарските тимови, браковите ќе траат повеќе, открива Мишел.

Фото: Инстаграм

Ако го гледате тимот, луѓето со кои сакате да победите, тогаш сакате сите во вашиот тим да бидат моќни, нели? Не сакате никакви слаби точки, туку сакате вашиот партнер да биде победник, всушност го сакате Леброн Џејмс – вели Мишел.

Да се потсетиме, Мишел и Барак Обама се запознале во 1989 година, а во октомври ќе прослават 28 годишна од бракот.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот